Инаку, претходно се појави снимка, од како што неофицијално се наведува, предадена како доказ на која се слуша дека новинарот е грабнат, дрогиран и задавен. Потоа со пила пресечен на парчиња. Истражителите веруваат дека телото на новинарот е растопено во киселина, по што е претворено во течност и фрлено во канализација.
Анкара наведува дека таа операција ја спровеле 15 егзекутори кои ги испратила Саудиска Арабија и дека ја напуштиле Турција на денот на злосторството, и отпатувале дома со два приватни летови и еден редовен.
Обвинител од Саудиска Арабија побара смртна казна за петмината саудиски оперативци кои се осомничени дека се виновни за оваа брутална ликвидација.