-->
-->
Се разбудил од кома и прашал за Федерер
-->

Хесус Априсио на 12.декември 2004 година, во автомобил со своите пријатели го прославувал својот 18-ти роденден. Автомобилот излетал од патот и сите со исклучок на Хесус минале без повреди. Тогаш 18-годишниот Хесус се здобил со повреди на главата и паднал во кома.
Момчето од Севилја било голем фан на Роџер Федерер, кој во моментот на таа несреќа имал 23 години и освоени четири Грен слем титули. Хесус имал голема желба да се запознае со Федерер, тој штедел за да може да го следи својот идол на Вимблдон 2005 година.
Единаесет години подоцна, Хесус се разбудил од кома. Тој се сетил на несреќата која се случила додека го славел својот 18-ти роденден. Знаејќи дека е голем љубител на спортот најблиските започнале да му раскажуваат за спортските актуелности, а тој веднаш прашал за Федерер.
„Како блесок да мина низ мојата глава и прашав за Федерер. Мислав дека се повлекол, но кога ми кажаа дека има 34 години и дека сеуште е активен и дека е втор на АТП листата, мислев дека се шегуваат со мене. Кога ми кажаа дека има освоено 17 Грен слем титули не можев да верувам“, раскажувал Априсио.
Тој го гледал финалето на УС Опен во кое Федерер загуби од за него анонимниот Новак Ѓоковиќ, но иако неговиот идол загуби тој не бил премногу разочаран.
„Бев изненаден колку добро игра, а и Ѓоковиќ исто така е одличен. Се надевам дека уште еднаш во живо ќе го гледам Федерер пред да се повлече“, рекол Хесус Априсио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
