Се разубавува храмот во Трубарево - река народ се поклонува пред иконата на Богородица од која течат солзи
Во храмот Св. Вмч. Георгиј Победоносец во с. Трубарево, скопско, деновиве е вистинска врвулица од луѓе, верници од сите краишта на Македонија кои сакаат да ја видат и да се поклонат пред иконата на Богородица која повеќе од една седмица како мироточи.
Вчера, откако заврши неделната богослужба во храмот беше монтиран централен кристален полиелеј, дело на македонскиот бренд СДК (Светлина, Дизајн, Квалитет) од Прилеп, висок скоро 2 метри, кој уште повеќе го разубави храмот во Трубарево. Освен него, беше поставен и еден мал кристален лустер во олтарот.
Парохискиот свештеник отец Бобан Богдановски, кој деновиве постојано е во храмот каде ги пречекува илјадниците верници кои доаѓаат да го видат чудото, како и целиот црковен одбор беше презадоволен од новото осветлување во храмот.
„ Откако беше наместен полиелејот дојдоа голем број верници, од месното население, како и од околните места и сите благодарни на Бога и презадоволни што храмот се разубавува со ваков прекрасен полиелеј од македонска изработка“, вели отец Бобан, објаснувајќи дека новото осветлување е целосно финансирано од донациите на верниците и најавувајќи дека доколку дозволат условите во план е нова крстилница за верниците.
Инаку, за чудото со иконата на Пресвета Богородица, отец Бобан Богдановски вели: Дефинитивно се работи за чудо. И мојот и официјалниот став на МПЦ е дека оваа појава е чудо и знак од Бога. Архиепископот г.г Стефан дојде во црквата, ја погледна иконата и констатираше дека навистина се работи за чудо.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот