Македонија
2. July 2026 - 16:32

Се санираат штетите по невремето

Санирани се штетите по силното невреме кое вчера ја зафати Македонија. Обилните дождови кои за кратко го блокираа главниот град поплавија повеќе булевари и целосно го запреа движењето кон повеќе населени места.  Центарот за управување со кризи примил 300 повици , од кои најголемиот дел за пријавени штети на автомобили, откорнати дрвја и поплавени булевари во Скопје. Според ЦУК, моментално се уште се работи на санирање на штетите во поплавени подрумски простории на дел од станбените згради кои биле погодени.

За неколку часа во Скопје наврнал најмногу дожд. Според статистиката на УХМР најпогодено било скопско Црешево со 74 литри на м2, Лисиче со 63 литри на м2 и Гази Баба 44 м2. Слична била сликата и во повеќе градови низ државата – Куманово, Крива Паланка и Берово најпогодени од силниот дожд.

Службите на Градот Скопје ги санирале сите штети кои ги донесе невремето, а градоначалникот Ѓорѓиевски уверува дека кризниот штаб е подготвен да одговори при евентулно нови врнежи.Најголем проблем останува атмосферската канализација особено кај подвозниците во Гази Баба, Чаир према Бутел и булеварот Трета македонска бригада.

Од УХМР и за денеска најавуваат обилни дождови.

Според Управата за хидрометеоролошки работи стабилизација на времето се очекува до следната недела.

 

Наврнато во Скопје

Црешево – 74 литри на м2

Лисиче – 63 литри на м2

Гази Баба – 44 литри на м2

Зајчев рид – 18 литри на м2

Карпош – 13 литри на м2

Ѓорче Петров – 11 литри на м2

Петровец – 7 литри на м2

 

Наврнато низ Макеоднија

Куманово – 32 литри на м2

Крива Паланка – 29 литри на м2

Берово – 22 литри на м2

Струмица – 18 литри на м2

Попова Шапка – 16 литри на м2

Демир Капија – 12 литри на м2

Гевгелија – 10 литри на м2

Кавадарци – 9 литри на м2

Велес – 8 литри на м2

Тетово – 5 литри на м2