Македонија
4. February 2025 - 16:40

Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори

На 8 месеци пред стартот на кампањата власта и опозицијата забрзано тестираат имиња со кои би истрчале на локалните избори. 

Kоалиција договара и ДУИ која би се движела во рамките на она што сега се нарекува Европски Фронт. 

Во ВМРО-ДПМНЕ се уште нема ништо официјално но за партискиот лидер, природно е да си дадат поддршка со актуелните коалициони партнери со кои ја формираа Владата

Анкети за кандидати се прават и во владејчката партија а лидерот очекува за првите кандидати одлуките да паднат пред крајот на мај. Токму таа одлука ја чека и Министерот за локална самоуправа кој не крие дека посакува да биде нов скопски градоначлник и да седне на столчето кое истовремено го поскауваат и градоначлниците на Гази Баба и Кисела вода.

Но пред да влезе во внатрепартиската трка, Перински ќе мора да го заокружи процесот на распределба на нови 250 милиони евра за општините, одлука која беше донесена на денешната владина седница. Според неа, до 30 април сите општини ќе имаат можност да аплицираат за нова тура финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти. Ваков повик Владата распиша и во септември. Од него 251 проект се веќе со склучен договор а 50-ина и се реализираат на терен.