-->
-->
Се трага по исчезнато лице во велешко, однесено од надојдена вода кон Вардар
-->
Полицијата трага по исчезнатото лице, С.Н., кое вчера во велешкото село Белештевица, од надојдена вода, заедно со возило, биле однесени кон реката Вардар.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во село Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, С.Н. се обидел со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект. Од надојдената вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар.
При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото било пронајдено, додека по С.Н. сѐ уште се трага и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Случајот бил пријавен во СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка