Македонија
16. јуни 2026 - 16:29
Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
По трагедијата во Струга каде 20 годишно момче од Октиси се удави во водите на Охридското езеро во близина на Машка плажа надлежните го вклучија алармот. Градоначалникот Ќура најави засилени безбедносни мерки на капалиштата и предложи забрана за паркирање и користење на педалинките кои со децении работат на диво.
Струшкиот градоначалник Ќура предлага со плажите кои се горлив проблем да менаџира општината ,која ќе става ред во урбаната опрема и обебедувањето спасители на брегот на езерото.
Како што дознаваме момчето било на педалинка со своите другари но кои се причините за смртта сеуште не се знае.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
