-->
-->
Се урна хеликоптер во северниот дел на грчкиот остров Евија
-->
Приватен хеликоптер, според првичните неофицијални информации, претпладнево се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, подрачјето што од вчера е зафатено од невремето „Илиас“, јави дописничката на МИА од Атина.
Хеликоптерот од местото Мантуди на Евија полетал кон Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата, се изгубил од радар и започнала спасувачката акција од воздух, копно и море.
Падот на хеликоптерот го потврди градоначалникот на Мантуди, Георгиос Цапурниотис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, додека пак, според видеата објавени на социјалните мрежи, хеликоптерот паднал во море.
Засега не постојат информации за бројот на патници, а спасувачката акција е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец