Се уште беснее пожарот во Мариово
Како што вчера најави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов околу 200 луѓе – пожарникари, припадници на Армијата, полицајци, вработени во „Национални шуми“, но и локално население утрово се упататија кон пожарот во мариовско и да интервенираат за негово гасење.
Синоќа се одржа седница на општинскиот кризен штаб во Прилеп, на која била констатирана потребата од повеќе човечки ресурси и воздушна поддршка за гасењето на големиот пожар.
Ангелов вчеравечер информираше дека пожарот се проширил поради силниот ветер, а во текот на вчерашниот ден во гаснењето се обиделе да се вклучат хеликоптер и „ертрактор“ на ДЗС, но поради високиот чад биле повлечени оти нивното летање над пожарот било небезбедно.
Пожарот, како што изјави Ангелов, се движи во насока на селата Бонче, Крушевица, Пештани, Дуње и Кален.
„Во гаснењето ќе учествуваат околу 200 професионалци. За рано наутро се договорени повеќе мерки, меѓу другото: ќе бидат вклучени 70 припадници на АРМ, 25 припадници на специјалната полиција, 40 вработени во ЈП ‘Национални шуми’ и повеќе од 60 пожарникари од повеќе градови. На терен ќе има вкупно 195 лица, припадници на АРМ, пожарникари, од специјалната полиција. Покрај прилепските, се ангажирани и пожарникари од Кавадарци, Охрид, Битола, Ресен, Новаци, од Могила, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и од Штип. Ако има потреба, изутрина ќе се повикаат други пожарникари“, изјави Ангелов.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен