Се уште нема одлука за прогласување на денот недела за неработен ден
Нема одлука недела да биде неработен ден. Владата вчера требаше да пресече – кој ќе работи, а кој ќе одмара во последниот ден од неделата, но консензус се уште не е постигнат. Премиерот Заев уште на 3 ноември објави дека иницијативата од Синдикатот е прифатена. Го задолжи министеството за труд во рок од 15 дена да подготви ново законско решение, кое предвидува и плаќање на работниците по час.
-Знаеме дека е можеби неколку дена повеќе од тоа што беше предвидено, но очекуваме да имаме предлог кој ќе биде опфатен од сите страни – од приватниот сектор, од коморите, предлог што ќе биде за добро на граѓаните. Очекуваме тој предлог да биде доставен до Влада во текот на наредната седмица и да се донесе одлука, а за тоа истовремено и јавноста ќе биде информирана, посочи Хоџа.
Од министерсвото за труд велат дека се уште траат консултациите меѓу нив и останатите министерства, кои треба да оценат дали се неопходни искучоци и во кој обем. Додаваат и дека не се завршени преговорите со работодавачите и работниците. А токму работодавачите се против ваквото решение. Бараат да се одложи најмалку за една година, се додека бизнисот не закрепне од ковид последиците. Синдикатот пак бара – оние кои ќе работат во недела да земат за 50 отсто повисока дневница.
Последните најави се дека затворени ќе бидат супермаркетите и трговците на големо, додека и натаму во недела ќе работат малите трговци, кафеаните и туристички агенции.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар