Македонија
26. March 2024 - 16:50

Се затвора собраниската говорница, останаа незавршени третина од седниците во овој мандат

Од 149 пленарни седници што се закажани во овој паралментарен состав дури 46 ќе останат незавршени, што е една третина од работата на народните избраници изминативе 4 години. Пратениците ги бројат последните работни денови пред почетокот на кампањите за претседателските и парламентарните избори. Собранието останува во задение до изборите на 8 мај, но собраниската говорница ќе биде затворена за да не се злоупотреби.

пратеницте последен пат ќе седнат во собраниските клупи во четврток. За тогаш е закажана нова седница. Но, речиси извесно е дека таа ќе остане во купот незавршени седници. И денеска парламентот не успеаа да заврши ниту една од трите седници што без закажани – власта немаше мнозинство за гласање.

Власта и опозицијата мегусебно се обвинуваат за тоа зошто овој мандат е неуспешен. Од ВМРО-ДПМНЕ обвнуваат дека поради тенкото мнозинство на власта се правеле „дилови“ надвор од Деловникот, малку се работело, многу се злоупотребувало европското знаменце.

Според координаторор на ДУИ пак, блокадите на ошпозцијата овој собраниски состав го прават неефективен. Сепак, вели координаторот Адеми, биле донесени многу корисни закони за граѓаните.

Најстарата незавршена точка е годишнен извештај за работата на Агенцијата за слободен пристап на информациите за 2019 година, поставена на 5тата седница. Недонесени се информации што се донесуваат на бугарските барања,  годишни и финансиски извештаи на клучни институции, не се донесоа ни рестриктивните мерки, ниту реформите во администрацијата. Не се стигна ни за повисоки  плати на судиите и обвинителите. Ќе останат и два заеми – едниот за развој на мали и средни претпријатија, а другиот з аизградба на патишта.

Пратениците во овој мандат, како и сите функцинери,  сепак, беа наградени од Уставниот суд со рекордно зголемување на платите од 78 отсто.