Loading Video...
Ф1
12. September 2020 - 16:14

Седма поп-позиција за Хамилтон сезонава

Луис Хамилтон по седми пат сезонава ќе започне трка во Формула 1 шампионатот од пол-позицијата. 
 
Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон уште еднаш потврди дека во моментов е најдобриот возач. 
 
Пилото на Мерцедес оствари најбрзо време во денешните квалификации за утрешната инаку девета трка во Ф1 првенството. Веднаш зад Британецот, ќе биде неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека од вториот стартен ред трката ќе ја почнат возачите на Ред Бул и тоа Макс Верстапен пред Александер Албон.