Седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе ја одржи 4. седница на која на дневен ред се повеќе точки поврзани со организацијата и спроведувањето на есенскиот референдум.
Членовите на Комисијата ќе одлучуваат по барањето за добивање на овластување за набљудување на Референдумот 2018 за Граѓанската асоцијација МОСТ и за Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС - Канцеларија во Македонија.
На дневен ред се и предлог-одлуките за измена на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2018 година на ДИК за референдумот, за доделување авансни средства на Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК за обиколка и обезбедување на избирачките места, како и за доделување на средства за тековни трошоци и транспортни трошоци на општинските изборни комисии. ДИК ќе ги разгледа информациите за текот на пријавувањето на граѓаните за гласање во ДКП во странство.
Членовите на Комисијата ќе разгледаат барања за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии со Укажување за постапување на општинските изборни комисии и ќе извршнат случаен избор за испразнетите места во ОИК.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
