Седница на Уставен суд
Уставниот суд денеска треба да ја одржи 41. седница на чиј дневен ред се три иницијативи за оценување на уставност и законитост и еден предмет за решавање на судир на надлежност.
На дневен ред на седница е иницијативата со која е оспорен член 218 став 1 и 2 од Законот за извршување.
Подносителот на иницијативата смета дека со оспорениот член се нарушува владеењето на правото и субјектите на пазарот се донесени во нерамноправна положба овозможувајќи на државните органи и покрај правосилна и извршна исправа или друг акт да постапува од позиција на моќ со употреба на оспорениот член да не ги плати обврските кои надлежен суд ги утврдил.
Судиите ќе дискутираат и по иницијативата со која е оспорен: делот „правни“ од член 5 став 2 од Законот за Народна банка и делот „поништен“ од член 5 став 3 од Законот за Народна банка.
Во иницијативата се наведува дека оспорената одредба е премногу општа, нејасна и не е прецизна и во таа насока води кон арбитрерност во толкувањето со што би можела да ја наруши правната сигурност на правните и физичките лица.
На денешната седница ќе се најде и оспорениот Правилник за систематизација на работните места во ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија Скопје.
Подносителот на иницијативата тврди дека оспорениот Правилник со кој се уредува избор на раководител е во спротивност со Законот за здравствена заштита бидејќи таму условите се различни и нема формулација дека раководителот на одделот мора да биде доктор на науки, избран со научно-образовно звање редовен професор, вонреден професор, доцент или научен соработник.
Судиите ќе дискутираат и по предмет за решавање на судир на надлежност.
Предлагачот Стојан Димовски има поднесено барање за огласување на ништовни две Решенија за трансформација донесени од Министерството за транспорт и врски кои се наоѓаат во поранешна фабрика Алумина АД и Пластика АД со површина од 11 089 квадратни метри, а со кои решенија се трансформира правото на користење во право на сопственост на правните субјекти Алумина АД и Пластика АД.
Како основ за поднесеното барање за ништовност на решенијата е право на поднесено барање за денационализација.
По извршениот увид Општина Карпош го доставува предлог- барањето до Министерството за транспорт и врски, кое според наводите се прогласува за ненадлежно.
Барањето е поднесено и до Владата која информира дека нема правна основа да постапува по истото, односно да го реши судирот на надлежност за постапување помеѓу Општина Карпош и Министерството за транспорт и врски.
На седницата се предвидени за дискусија и предметите кои беа закажани за 40. седница на Уставниот суд и по кои не се дискутираше поради недобиеното мнозинство за изгласување на дневниот ред.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
