Македонија
22. October 2021 - 16:31

Седум пати поголем интерес за трета доза споредено со интересот за прва

По два дена гужви и долго чекање за трета доза, денеска поинаква слика пред скопските поликлиники. Иако имаше интерес за “бустер” пред се од повозрасните граѓани процесот беше забрзан. Повеќето добиле потсетување преку смс од Мој термин дека можат по трет пат да се вакцинираат, но имаше и такви кои дошле самоиницијативно во поликлиниката Јане Сандански.

-Речиси 90 проценти од граѓаните се дојдени за трета доза, изјави д-р Боро Радевски, раководител во Поликлиниката Јане Сандански.

Порелаксирана атмосфера денеска имаше и во Поликлиниката Букурешт, каде вчера 500 граѓани биле вакцинирани со трета доза.

Само вчера трета доза била аплицирана кај 3300 граѓани во сите вакцинални пунктови. Во Скопје покрај во Јане Сандански и Букурешт, бустер Фајзер се дава и во Поликлиниката Чаир.

И последниот неделен извештај на Министерството за здравство покажува дека 74 проценти од заразените со Ковид-19 и 83 отсто од починатите со Ковид -1506 лица во последните 2 и пол месеци не биле вакцинирани.