Loading Video...
Ракомет
7. September 2020 - 20:03

СЕХА финале: Немоќ во играта на Вардар

Ракометарите на Вардар не успеаја да ја одбранат титулата во регионалната СЕХА лига откако во финалето во Загреб загубија со 35-27 со што по три години му ја прешуштија доминацијата на Унгарскиот Веспрем.

                Уште од самиот почеток на средбата беше јасно дека Вардар нема игра да му се спротистави на големиот фаворит кој поведе со 7-1 и на тоа водство во продолжението од средбата ја градеше победата.  Можеби мала надеж кај најверните фанови за евентуален подвиг се јави во финишот на првиот дел кога црвено-црните се доближија на три голови негатива и пропуштија напад за уште еден гол.

            Но и по паузата ништо не се смени. Вардар воопшто не се трудеше во одбраната а во нападот се играше индивидуално па Веспрем немаше проблеми да ја одржува предноста која во еден момент ја зголеми на 26-17  и тука ја заокружи приказната за освојување на трофејот.

            До крајот се играше рутински од страна на Унгарскиот тим додека во вардаровите редови и натаму се чувствуваше немоќта која најубаво ја отсликува реакцијата на  Чупиќ на тајм-аутот кога апелираше до Стевче Алушовски да не ги моли дел од играчите да играат туку да ги испрати во соблекувалните.

            Момент кој кажува за атмосферата на вардаровиот брод и го доведува под знак прашалник тренерскиот авторитет на Алушовски.  Времето тече пред важните натпревари на меѓународната сцена.  Умешноста е да се најде вистинскиот спој  помеѓу искуството и младоста. Вардар мора да гори, да игра борбено  и да ја пронајде својата препознатлива игра во нападот во спротивно не очекува разочарувачка сезона  далеку под реномето на етаблираниот европски колектив.