-->
-->
Сексуално злоставувала четири годишнио дете а потоа снимките ги продавала на педофили
-->
30 годишната Памела Цимински е осудена на 25 години затвор поради тоа што сексуално го злоставувала нејзиниот роднина, четири годишно дете, а потоа снимките ги поклонувала на педофили.
Памела, која е од Њу Џерси повеќе пати сексуално го злоставувала својот млад роднина и секој пат снимала со мобилниот телефон. Снимките покасно ги продавала на педофили, за што земала огромна сума на пари.
Таа е откриена кога еден од купувачите го поставил видеото на интернет и тоа почнало да се шири. Полицијата брзо влегла во трага на Памела и ја лишила од слобода. Таа набрзо ја признала вината.
„Не знаеме што и се случило. Не ни можевме да претпоставиме дека вакво нешто може да направи“, изјавија родителите на Памела, кои додаваат дека таа едно време била во депресија.
Тие, како и адвокатот го молеле судијата да ја намали казната велејќи дека детето е уште мало и дека на ништо не се сеќава. За среќа, судијата не ги земал во предвид нивните молби.
Памела ќе мора барем 20 години да помине во затвор, за да може да поднесе барање за пуштање на условна слобода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка