Фудбал
9. August 2022 - 9:59

Селекторот на Сенегал одговори на зборовите на претседателот на Наполи за африканските играчи

Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе реагираше на зборовите на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.  

Шефот на наполитанскиот клуб изјави дека повеќе нема да купува Африканци поради постојаните повици во репрезентациите на сред сезона.

– Имам голема почит кон Де Лаурентис, но го повикувам да не ангажира африкански играчи. Ако мисли дека тимот може да игра без африкански играчи, тоа зависи од него. Можеме ли да претпоставиме дека Де Лаурентис ќе направи слични рестриктивни услови за играчите од Јужна Америка, Азија и други конфедерации, забранувајќи им да играат во нивните континентални натпреварувања? – вели Сисе за „Би-би-си“.

Африканската фудбалска конфедерација (CAF) инсистира УЕФА да започне истрага по зборовите на Де Лаурентис.