Фудбал
12. July 2024 - 22:34

Селимоски го засилува амбициозниот тим на Стрипфинг

Тимот од Втората австриска дивизија од Марчфелд, Стрипфинг со големи амбиции ја пречекува новата сезона. За тоа се бараат квалитетни засилувања кои ќе можат да го искачат тимот на позициите кои водат во елитната дивизија. 

Еден од играчите кој доаѓа како големо засилување е Македонецот Анел Селимоски кој во последните неколку сезони го носеше дресот на екипата на Капфенберг. 

Нашиот интернационалец игра во средниот ред и со своите 22 години веќе го привлекува вниманието на фудбалската јавност во Австрија. 22 годишниот Селимоски кариерата ја започна во Колумбија Флорисдорф за подоцна да настапува во ФАЦ и 1210 Виена.