Loading Video...
Кошарка
21. January 2020 - 15:10

„Селтикси“ го декласираа „Лејкерси“ со 32 разлика

Дербито на вечерта во НБА лигата се одигра во Бостон каде „Селтикси“ ги демолираа „Лејкерси“ со 32 поени разлика. 
 
Иако гостите од Лос Анџелес во овој меч влегоа како фаворити, сепак кошаркарите на Бостон не мислеа така, па со комплетна доминација во текот на целиот меч стигнаа до убедлива победа со 139-107. 
 
прв пат во кариерата го победи Леброн Џејмс во својот 29-ти обид. Тој имаше 20 поени, колку што постигна и додека најефикасен беше Џејсон Тејтум со 27, како и Кемба Вокер и Џејлен Браун кои постигнаа по 20 поени беа најзаслужни за оваа победа на „Селтикси“ кои на лутиот ривал му нанесоа најголемиот пораз сезонава, а вкупно деветти. 
 
Вечерта ја одбележа и кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард кој постигна 61 поен на натпреварот против  Голден Стејт кој „Блејзерси“ го добија по продолжението со 129-124. 
 
Лилард за кого ова е личен рекорд, а воедно рекорд во клупската историјата, придодаде и 10 скока и 7 асистенции.
 
На другите натпревари беа постигнати се овие резултати: Минесота – Денвер 100:107, Феникс – Сан Антонио 118:120 и Јута – Индијана 118:88.