-->
-->
Семејна драма во Кисела Вода: Скопјанец (47) ја избодел својата мајка па ја запалил
-->
Вчера во 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15,40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите.
Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови