Македонија
2. April 2020 - 16:55

Семејството на починатата родилка од Охрид обвинува за лекарски пропусти

Семејството на 37 годишната родилка која почина на клиниката во Скопје обвинува дека не била соодветно третира во оделот за гинекологија во охридската  општа болница .И покрај тоа што имала болки неколку дена наназад и побарала помош била враќана со образложение дека има време до породувањето.Кога пристигнала во критична состојба и било направено ехо и веднаш била препратена на клиника во Скoпје.

Преку својот фејзбук профил се огласи и пратеникот Рубин Земон и најави дека ќе покрене иницијатива за целосно расветлување на случајот.

(Од разговорот со членовите на семејството и други лица, има доволно индиции дека не била соодветно третирана во одделот за геникологија во Медицинскиот центар во Охрид, неколку дена наназад, за што ќе покренам иницијативи за целосно расвлетување на случајот во рамките на Министерсвото за здравство и другите институции).

Од Министерството за здравство најавија вонредниот инспекциски надзор  од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат .

Од општата болница пак на став дека во овој случај од страна на гинеколошкиот тим направено e по сите правила и протоколи базирани на докази .