Семинар „Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото“
Во Музејот на македонската борба денеска почнува првиот официјален работен семинар за обука на тема „Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото (Париз, 2003) на национално ниво.
Обуката која ќе трае до 15 април се одржува во организација на Националниот комитет на Интернационален совет за традиционална музика на Македонија, во партнерство со Националната Комисија за УНЕСКО за Република Македонија и Регионалниот центар за заштита на нематеријалното културно наследство во Југоисточна Европа со центар во Софија, а под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.
Семинарот е наменет за лица кои имаат претходни познавања и искуство од оваа област и соодветно образование, односно: истражувачи, научници, практичари, носители на нематеријалното културно наследство, вработени лица во администрацијата која има ингеренции во процесот на заштита (Министерство за култура, Управа за заштита на културно наследство, институти, музеи, архиви, локална самоуправа и слично).
Секој учесник, по активното учество на семинарот, ќе добие сертификат за реализирана обука за заштита на нематеријалното културно наследство.
Република Македонија е една од првите држави во светот кои ја потпишаа оваа конвенција, која на национално ниво е ратификувана во 2006 година. Од тогаш Министрството за култура на Република Македонија презеде низа активности во однос на имплементација на Конвенцијата и назначување на правни субјекти кои се носители на предметот за заштита, со што Република Македонија и активно се вклучи во заштита на нематеријалното културно наследтсво во Република Македонија при што се донесоа неколку законски акти во доменот на Законот за заштита на културното наследство кои се однесуваат токму на овој предмет.
Од 2013 година Република Македонија успешно реализираше впишување на три нематеријални културни добра во листите на УНЕСКО (Обичајот „Четрсе“ од Штип и орото „Копачката“ од Драмче кои се впишани на репрезентативната листа на УНЕСКО и „Гласоечкото пеење од Долни Полог“ впишано на УНЕСКО-та листа за ургентна заштита). Во процес се и две мултинационални апликации за можно впишување на „Практиките поврзани со прсолавувањето на 1 март“ и „Пролетните веселби: Хидрелез/Ерделези“ поднесени во 2016 година.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка