Тенис
21. April 2023 - 19:55

Сензационална победа на Лајовиќ против Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ направи големо изненадување во Бања Лука, кој во четвртфиналето го елиминираше Новак Ѓоковиќ со 6:4, 7:6.
Лајовиќ по два часа и 25 минути игра ја постигна најголемата победа во кариерата.
Лајовиќ беше подобриот ривал во текот на целиот меч, на кој  беше видлива нервозата и несигурноста на Ѓоковиќ, кој во вториот сет не ги искористи трите сет топки и можноста да го одведе мечот во трет сет.
 
Лајовиќ во следната рунда ќе игра со победникот од дуелот Лехецка- Кецмановиќ. 
Пласман во четвртфиналето избори и победникот во Монте Карло, Алексеј Рубљов кој во два сета го совлада босанскиот тенисер Џумхур.