Северна Ирска со различен корпорациски данок од Велика Британија

Од почетокот на 2018 година, во Северна Ирска ќе има поинаков и понизок корпорациски данок, за разлика од остатокот на Велика Британија.
Данокот за странските компании во овој дел на Британија ќе изнесува 12,5 отсто, додека за Англија, Шкотска и Велс и натаму данокот ќе изнесува 19 отсто.
Значителното намалување на корпорацискиот данок во Северна Ирска треба да ги потикне директните странски инвестиции во покраината, а на тој начин, да го забрза нејзиниот економскиот развој.
Првиот министер на Северна Ирска, Арлен Фостер, од Демократската партија на унионистите и Мартин Мекгинис, заменик прв министер, од партијата на републиканците-католици Шин Феин, отпатуваа во САД, за да присуствуваат на традиционалното одбележување на празникот Сент Патрик, но и за да им ја промовираат измената на даночната стапка, на потенијалните американски инвеститори.
Тие ќе имаат средби со финансиери во Њујорк, Вашингтон и во калифорниската Силоконска Долина.
САД се најголемиот странски инвеститор во Северна Ирска, со вложен капитал во 175 компании, каде се вработени повеќе од 24 илјади работници.
Пред заминувањето за САД, Фостер и Мекгинис изјавија за медиумите во Белфаст дека се надеваат оти понискиот корпорациски данок ќе ги привлече Американците да инвестираат повеќе во Северна Ирска, и покрај заложбите на претседателските кандидати на републиканците и на демократите за американските избори, дека пред се, треба да се вложува во домашната економија.
Северноирските политичари се очекува да се соочат и со прашања поврзани за британскиот референдум за ЕУ, особено затоа што унонистите од партијата ДУП се за напуштање на Унијата, додека Шин Феин и католиците се остро против.
Мартин Мекгинис изјави дека е „навистина глупаво„ да не се гледа дека евентуалниот Брегзит ќе ги исплаши потенцијаните инвеститори.
Република Ирска има понизок корпорациски данок од оној во земјите на ЕУ, што се смета како клучен фактор за синиот прилив на американски капитал во оваа земја и за нејзиниот позабрзан развој.
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
