Шахпаска: Водиме политики на вреднување на трудот на работниците
Грижата и создавњето услови за безбедност и здравје на работните места е од особена важност затоа што само работници кои што работат на сигурни и безбедни места се мотивирани и создаваат дополнителна вредност. Ова го истакна Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која денес се запозна со работата во рударското окно на рудникот за олово-цинкова руда “Саса” кој се наоѓа во Македонска Каменица. -Имавме прилика пред се да видиме каде работат рударите. Влеговме на сите позиции каде што се ископува рудата, каде што се пробиваат тунелите за да може да се извлекува рудата надвор и да се продолжува понатаму преку процес на флотација. МТСП како надлежно за прашањето од сферата на трудот заедно со Владата води политики за вреднување на трудот на работниците, но овде говориме пред се за рударите. Со задоволство можам да кажам дека условите во рудникот “Саса” навистина се согласно светските стандарди за тоа како треба да се обезбеди безбедни услови за работа. Вработените, менаџментот на рудникот кажаа дека врвен приоритет за нив претставува безбедноста на рударите кога влегуваат на нивните работни места, рече Шахпаска. Потсети дека Министерството во 2018 година донесе законско решение со кое што се овозможи спуштање на старосната граница за пензионирање на рударите од 58 години на 50-годишна возраст. -Меѓутоа, заради погрешно толкување на дел од носителите на, извршителите да речам на законот се случува да дел од рударите не можеа да го искористат ова право и оттука Министерството за труд и социјална политика ќе направи измени кои што ќе овозможат да рударите со вкупен стаж од 40 години вклучително сиот период додека биле во рудник или евентуално дополнителни години може да им даде шанса да одат во пензија како и останатите граѓани, додаде Шахпаска. Потенцираше дека Министерството ќе продолжи и понатаму да правиме политики како што е новиот Закон за безбедност и здравје при работа, кој што треба да ги прави процентите за ризик на секое работно место, и кој што според Министерката ќе треба да ја даде обврската на работодавачите да создадат услови за секој работник да биде безбеден на работното место. |
Ново на Сител
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето