Шаклев: Свинското месо за празниците ќе го има доволно и по иста цена
Свинското месо ќе го има во доволни количини за Новогодишните и Божиќните празници на македонскиот пазар, информираат од Асоцијацијата на земјоделци и одгледувачи на свињи.
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци и одгледувачи на свињи, Ефтим Шаклев вели дека одгледувачите на свињи и производители на месо ветуваат дека за време на празниците нема да се зголеми цената на свинското месо и оти се формираат согласно цените на месото во соседните држави, кои се големи одгледувачи и производители на месо.
-Поголемите, посериозните фарми имаат поголеми количини на свежо свинско месо и сметам дека нема да има никаков проблем. Нема да има и проблеми со покачување на цената на месото и ви ветувам дека нема да има. Откупната цена моментално на жива свиња на големите потрошувачи се движи 80 денари по килограм плус данокот, што е и граница на рентабилноста за производството на свинското месо. Меѓутоа ние мораме да ги почитуваме економските законитости во Европа и во Србија е толку и ние и да сакаме не смееме да ги поаќиме цените, вели Шаклев.
Тој забележува дека пред два месеци ги доставиле барањата за заштита на македонското свежо месо, но засега ни едно од барањата не им е прифатено. Барањата се однесуваат за поголема заштита и на производителите, но и на потрошувачите. Побараа да се води контрола на свежото свинско месо во продажба и да не е претходно замрзнато. Во угостителските објекти да се декларира какво е местото, дали е замрзнато или свежо.
Во моментов во земјава се одгледуваат околу 200.000 свињи, за зголемување на производството може да размислуваат по 2020 година, кога се очекува да заврши вакцинирањето на свињите од болеста свинска чума. Засега македонските производители неможат да извезуваат на пазарите во земјите на ЕУ, но откако ќе заврши вакцинацијата ќе следи и преоден период, кога ќе ја добијат дозволата ќе можат да размислуваат и за зголемување на производството.
Ново на Сител
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември

