Loading Video...
Фудбал
6. August 2022 - 10:31

Шампионот Баерн со шест гола ја почна новата сезона во Бундес лигата

Актуелниот првак во германската Бундес лига, минхенски Баерн уште од самиот старт на новата сезона најави дека и годинава ќе биде фаворит број 1 за освојување на трофејот. 
 
Баварците на гости во Франкфурт го победија Ајнрахт со убедливи 6-1 во премиерниот меч од новата сезона. 
 
Триумфот гостите го најавија уште во првиот дел кој го завршија со пет гола предност, откако во листата на стрелците за запишаа: Кимих, Павард, мане, Мусиала и Гнабри. 
 
Во вториот дел Французинот Коло Муани го постигна почесниот гол за домаќините, а 19-годишниот Мусиала со својот втор гол ги постави конечните 6-1 најавувајќи дека на него сериозно треба да се смета како достојна замена за Левандовски кој летово го напушти клубот и се пресели во Барселона.