Македонија
5. July 2022 - 17:07

Шарл Мишел на седница на Влада - одлуката е на Македонија

Имаме поволен предлог од 27 држави членки на ЕУ и од нас зависи одлуката дали веднаш ќе ги започнеме преговорите со Унијата.  Македонските граѓани заслужуваатда бидат дел од Европа и одвнатре да носат одлуки, рамноправно со другите членки. Ова е ставот на премиерот Ковачевски по средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Иако Мишел беше присутен на денешната владина седница, Ковачевски вели дека на нејзе не се разговарал европскиот предлог и дека дипломатот не дошол за да убедува за него туку како дел од консутлациите за предлогот.

Конечната одлука дали оваа француска понуда за почеток на преговорите ќе ја носи македонското Собрание, објави денеска премиерот.

Ковачевски уверува дека покрај документите од Брисел за брзо ќе биде објавен и билатералниот протокол на Македонија и Бугарија и дека и тој ќе биде испратен до пратениците.

Мишел, пак, вели дошол во Македонија бидеќји ги почитува Македонците. И тој тврди дека предлог е добар и ги содржи македонските забелешки. Но, на прашање како Унијата ќе гарантира дека Бугарија нема да го блокира европскиот пат на земјава со билатерлани прашања, Мишел дава само лична заложба.

Претседателот на Европскиот совет утринава прво се сретна со шефот на државата Пендаровски, а патоа и со премиерот. По владината седница на која беше гостин замина во парламентот на средба со спикерот Џафери и координаторите на пратеничките групи.