-->
-->
Шекеринска - Харадинај: Одлична соработката меѓу Македонија и Косово
-->
Македонија и Косово се две пријателски земји, чии односи се базираат на меѓусебно почитување, доверба и отвореност за соработка, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Шекеринска, која престојува во еднодневна официјална посета на Косово, на средбата истакнала дека Македонија цврсто верува оти добрососедските односи се вистинскиот пат кон развиен и просперитетен регион. Посочила дека заедничката седница на двете влади планирана за оваа година ќе ја зајакне и унапреди соработката меѓу Македонија и Косово.
Во рамки на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска во Приштина се сретна со министерот на Косовските безбедносни сили Рустем Бериша со кој констатирале дека билатералната соработка меѓу двете министерства е на највисоко ниво. Соработката, како што се наведува, е особено добра во областа на военото образование и изразија подготвеност таа да продолжи интензивно да се развива и во иднина.
- Македонија останува отворена за школување питомци од Косово на Воената академија, каде што се школуваат и питомци од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Тие се идните воени лидери на нашите земји. Ако тие научат добро да соработуваат и ако градат доверба и соработка, нашите држави ќе имаат подобра иднина, истакнала Шекеринска.
Министерката Шекеринска најавила дека припадници на Армијата на Република Македонија ќе бидат дел од регионалната вежба „Орел VI“ која треба да се одржи во мај во Косово.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска ја истакнала и заинтересираноста за користење на капацитетите на косовскиот Центар за барање и спасување, а ги понудила и капацитетите во Македонија како Регионалниот центар за односи со јавноста, Воено-медицинскиот центар и полигонот „Криволак“.
Министерката за одбрана доцна попладне ќе се сретне и со командантот на КФОР, генерал – мајор Салваторе Куочи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички