Шеќеринска во посета на Косово
- Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шеќеринска, денеска е во еднодневна посета во Косово каде што со воена церемонија ја пречека министерот за Безбедносни сили на Косово (ФСК), Рустем Бериша.
На заедничката прес-конференција по средбата министерката Шеќеринска истакна дека Македонија и Косово остануваат да работат на заедничката соработката во делот на обуката на офицерски кадар.
„Очекувам во 2018 година да го потпишеме Планот за соработка. Приоритети на новата македонска влада се членството во НАТО и добрососедството. Со повеќе мерки покажуваме дека имаме добра соработка. Работата на соседите е да си помогаат. Во врска со членството на Косово во НАТО, ние ја поддржуваме позицијата на меѓународната заедница. Треба да се земе во предвид чувствителната ситуација во регионот, рече меѓудругото министерката за одбрана.
Шекеринска кажа дека Македонија го поддржува ставот на ЕУ во врска со трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во армија.
-Нашата соработка е особено плодна во военото образование, а нашиот план е да продолжиме со ова соработка. Овој месец очекувам да го потпишеме Планот за соработка меѓу нашите земји, рече таа.
Косовскиот министер Бериша средбата ја оцени како пријателска и додаде дека во неа се разговарало за заедничките цели и достигнувања и за добрата соработката помеѓу двете земји.
Како што јавуваат косовските медиуми, се очекува Шекеринска да оствари средба и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
