Шешељ запали знамиња на ЕУ и НАТО
Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Војислав Шешиљ денеска пред зградата на Специјалниот суд во Белград запали знамиња на ЕУ и НАТО, јави Танјуг.
Шешиљ денеска требаше да биде сослушан во Специјалниот суд во врска со барањето на Хашкиот суд за неговото предавање на Трибуналот, каде на 31 март треба да му биде изречена првостепена пресуда, но сослушувањето беше откажано поради процедурални причини.
Шешиљ пред Судот изјави дека сослушувањето е откажано, бидејќи Советот на Меѓународниот суд во Хаг не испратил одговор на барањето на Србија за одредени процедурални прашања.
- Едвај чекам рочиштето повторно да биде закажано за да им објаснам од кои правни причини не може да бидам предаден на Хашкиот трибунал, напомена лидерот на српските радикали.
Шешиљ истакна дека Србија повеќе не е назависна по потпишувањето на договорот со НАТО и во знак на протест поради тоа ги запали знамињата на ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија