Шест кавадаречки семејства добија реновирани домови
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Весна Пемова, денес го посетија Дневниот центар за превенција од зависности кој е заедничка инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и на Општина Кавадарци во износ од околу 1.500.000 денари,
“Се работи за целосно реконструиран и опремен објект кој ќе врши психосоцијална поддршка на семејствата и на корисниците на овој дневен центар, индивидуална и тимска работа и исто така работен третман и поддршка од страна на психолог и социјален работник”објасни министерот Спасов.
Спасов ги посети семејствата чии што куќи ги зафати пожар пред неколку месеци и шест семејства имаа значително оштетување на нивните домови. Како резултат на заедничката акција на Општината и бизнис заедницата, односно регионалната Стопанска комора и со финансиска поддршка од Центарот за социјални работи и Министерството за труд и социјална политика се обезбедија околу 30.000 евра за целосна реконструкција на трите куќи во кои што живеат шест семејства.
“Последиците од пожарот се целосно санирани и слободно можам да кажам дека овие семејства може да имаат комотен и удобен живот. Ги надминавме последиците од ужасниот пожар и навистина е големо задоволството кога ќе се види една состојба на едни солидни услови за живот.
И понатаму во соработка со Општина Кавадарци ќе прдоложиме со реализација на низа проекти, за во наредниот период одредени објекти кои што се слободни и кои што може да се адаптираат за детски градинки и на старски домови во Кавадарци” истакна Спасов
Градоначалникот Александар Панов рече дека локалната самоуправа и бизнис секторот раководен од претседателот на регионалната стопанска комора, Митко Јанчев со свој допринос обезбедиле нормални услови за живеење на овие семејства
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови