Македонија
3. August 2024 - 16:33

Шест пожари беснеат низ Македонија

Шест опасни пожари денеска беснеат низ Македонија. Пожарот во Македонски Брод кој скоро недела дена беснее кон ловиштето Јасен е најголем предизвик за властите. Иако службите се надеваа дека денешниот дожд ќе помогне во гаснењето на оваа пламена стихија, сепак тоа не се случи.

Гори и Илинска планина во Демир Хисар. На ова место ертракторите биле приморени да стопираат со нивната работа, поради црниот, густ чад којшто се појавувал од пожарот. Па, затоа денеска пожарот на оваа планина се гасне само од земја.

Во меѓувреме, пет пожари се ставени под целосна контрола. Денешниот краткотраен дожд не им помогнал на надлежните, оти не заврнало на критичните точки каде што гори. 

Откако по вторпат беше активиран ЕУ механизм за помош при пожари, во Македонија се стигнати хеликоптери и ертрактори од различни држави, а на терен дејствува и тим од Унгарија. 46 Унгарци со специјални теренски возила гаснат во тешко пристапни предели низ огнените стихии во државата.