Шилегов: На самото езеро Треска не се работи, туку во неговата околина
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска информираше дека на самото езеро Треска не се работи ништо, туку во неговата околина и оти се реализира Деталниот урбанистички план.
Шилегов смета дека Општина Сарај мора што побрзо да го претстави пред јавноста Деталниот урбанистички план за да нема шпекулации дека на таа локација ќе се градат објекти наменети за друга дејност, а не за туризам.
– На самото езерце не се работи, туку во неговата околина, односно нејзино урбанизирање. Некогаш некои политички структури заради личен политички интерес пренесуваат и прикажуваат лажна состојба дека се уништува езерото и дека нешто се случува со самото езеро. Не се случува ништо во самото езеро, туку со околината и се реализира деталниот урбанистички план. Мое мислење е дека треба да се работи за граѓаните, на граѓаните треба да им се презентира пред било што биде започнато за да не дојде до ненакви збрки. И на сопствениците на приколки кои се таму со децении од целиот тој концепт може да се најде доволно простор, рече Шилегов.
Потенцира дека во изборната кампања на локалните избори кажал дека преку јавно-приватно партнерство има намера да го врати во функција езерото.
– Во изборната кампања тогаш кажавме дека ќе влеземе ревитализација и враќање на езерото Треска преку приватно-јавно партнерство. Тоа нешто во моментот се случува. Од тоа што сум известен, урбанистите на градоначалникот на Општина Сарај беа ковид позитивни и затоа не можеше да биде извршена презентација. Мислам дека во текот на утрешниот или задутрешниот ден ќе се вратат на работа и би било добро да биде презентиран делатниот урбанистички план на граќѓаните со цел тие да имаат претстава за што всушност станува збор, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари