Шилегов: Спомениците од „Скопје 2014“ да се дислоцираат во расчистената дива депонија во Ѓорче
Градоначаникот на Град Скопје Петре Шилегов предлага во паркот во Ѓорче Петров кој порано беше дива депонија да се дислоцираат спомениците од проектот „Скопје 2014“ со што би се направил Мементо парк.
-Мораме да бидеме внимателни да не предизвикуваме нов револт во општеството. Македонското општество е сериозно поделено и треба да внимаваме со сите чекори и треба да имаме меѓусебна почит независно од тоа дали некому му се допаѓа или не му се допаѓа. Скопје не е град каков што е сега во Центарот. Ниту бил, ниту треба да биде, ниту ќе биде. Меѓутоа, мора да почитуваме дека на некои луѓе тоа им се допаѓа и да им овозможиме тоа да го гледаат. Да не бидеме брутални во отстранувањето туку да имаме еден сосема поинаков, помирувачки општествен процес во таа работа, вели Шилегов.
Појаснува дека таков пример има во Унгарија каде сите споменици и обележја од времето на комунизмот се ставени во еден Мементо парк.
Од денеска за комуналниот и животната средина во Скопје нема да постојат административни граници. Инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и редарите ќе работат заедно.
-Наша цел е да воспоставиме ефикасна и независна инспекциска служба. Целосно елиминирање просторот за злоупотреби на службата, со повеќе казни за оние кои не го почитуваат Законот и повеќе едукација на граѓаните во едукативна насока, рече Шилегов.
Со оваа мерка општинските власти сакаат да спречат врски и протекции во работата на инспекциите. Па така, на пример, инспекторите од една општина ќе работат во друга, каде што не ги познаваат дивите препорадавачи и ќе бидат посубјективни во работата.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо