Loading Video...
Фудбал
12. August 2022 - 10:33

Шкендија го заврши настапот на европската сцена

Екипата на Шкупи останува единствениот македонски претставник на европската фудбалска сцена, откако Шкендија синоќа беше елиминирана од  Конференциската лига
 
Тетовци го загубија реванш дуелот против шведски АИК, и тоа по пенал „рулетот“. 
 
Откако по 90, но и дополнителните 30 минути игра, резултатот гласеше 1-1, како и на првата средба во Шведска се пристапи кон изведување на пеналите. 
 
Во пенал „рулетот“ повеќе среќа, но и нерви имаа гостите од шведска кои реализираа три, наспроти двете реализации на домаќините, па АИК обезбеди пласман во плејоф рундата. 
 
Во неа ќе игра македонскиот првак Шкупи, кој за противник ќе ја има екипа Балкани против која првиот меч чаирчани ќе го играат во Скопје, а реваншот е седум дена подоцна во Косово.