Loading Video...
Ракомет
9. August 2022 - 10:03

Шкупи го пречекува ирскиот Шамрок во реванш дуел од Лигата на Европа

Фудбалерите на Шкупи вечерва ќе го одигра реванш дуелот против ирскиот Шамрок во 3.коло од квалификациите за Лига Европа, во кој чаирчани ќе треба да надополнат негатива од два гола од првата средба во Даблин 
во која загубија со 3-1.
 
Македонскиот првак во вечерашниот меч влегува со два гола негатива. Но, од таборот на чаирчани најавуваат беспоштедна борба до последната секунда, со која ќе се обидат да ја анулираат негативата. 
 
Победникот од овој двомеч во последната квалификациска, плеј-офот, рунда за настап Лигата на Европа ќе игра со Ференцварош или Карабах, додека поразениот патува во плеј-офот за Конференциската лига каде ќе чека победникот од двомечот меѓу косовски Балкани и Клаксвик од Фарските острови. 
 
Натпреварот Шкупи – Шамрок, што ќе се игра на арената Тодор Проевски ќе  започне од 21 часот