Loading Video...
Фудбал
24. October 2020 - 16:52

Шкупи минимално со 1:0 го победи Силекс

Воведниот натпревар од ова коло се одигра на стадионот „Борис Трајковски„ во скопската населба Маџари, а фудбалерите на Шкупи го добија минимално со 1:0.
 
Гостите од Кратово кои настапија без тројца стандардни порвотимци беа рамноправен противник,  но клучниот момент се случи во 51-та минута кога Карчески направи лоша проценка во обидот да ја врати топката до својот голман Божиновски, а тоа го казни Бесар Исени кој беше стрелец на единствениот гол на мечот. 
 
Иако во 76-тата минута гостите постигнаа гол, сепак тој беше поништен бидејќи Тантуровски беше во офсај позиција, па резултатот остана непроменет
 
Со трите освоени бодови Шкупи изби на првото место на табелата со бод повеќе Шкендија која утре игра против Работнички 
 
Недела 
ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
БЕЛАСИЦА - БОРЕЦ 
ПЕЛИСТЕР - СТРУГА ТЛ
ВАРДАР - РЕНОВА