Фудбал
14. јуни 2022 - 19:48

Шкупи против екипа од Гибралтар, потешки противници за Шкендија и А. Пандев

Ривал по мерка од Гибралтар доби македонскиот првак Шкупи во првото квалификациско коло за ЛШ. Шкендија и А. Пандев во конференциската лига ќе играат со силни екипи од Полска и Ерменија.
Фудбалерите на Шкупи денеска го добија противникот на стартот од квалификациите за најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Тоа е екипата на Линколн од Гибралтар која беше и најпосакуваниот тим од  можните противници на чаирчани. 
Првата средба ќе се игра во Скопје на 5. Јули додека реваншот е 7 дена подоцна. 
Многу посилни противници добија македонските претставници во конференциската лига. За пласман во второто коло Шкендија и А. Пандев ќе играат со претставници од Ерменија и Полска.  За Шкендија тоа е екипата на Арарат која игра се позабележителна улога во ерменскиот фудбал додека пак за А. Пандев доаѓа најсилниот ривал, полската екипа Лехиа Гдањск. 
Првите средби се играат на 7 јули а реваншот на 14-ти.