Шокантен случај на родосквернавење: Братот ги силувал малолетните сестри

Полицијата утврди дека Ј.Л. (21) од Српски Крстур повеќе пати имал сексуални односи со помладите сестри кои имаат 13 и 14 години.
Ј.Л. полицијата го товари дека е одговорен за шокантен случај на родосквернавење, зошто имал сексуални односи со помладите сестри кои имаат 13 и 14 години.
Полицијата за овој случај дозна откако постарото девојче се пожалило на училишниот психолог, по што биле известени надлежните служби. Споре сознанијата на Ј.Л. сестрите годинава неколку пати ги обљубил, а не се исклучува можноста дека тоа го сторил и минатата година.
-Ј.Л. призна дека го направил тоа и се каеше. Прашање е колку беше искрен, вели за српски Курир, извор од истрагата и додава: Девојчињата живеат со братот и нивните родители. Се работи за социјално загрозено семејство. Едно време девојчињата биле сместени во дом семејство, но побегнале и се вратиле во семејната куќа. Против нивниот брат е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело - родосквернавење, вели изворот.
Инспекторите за сузбивање на малолетничка деликвенција велат дека во овј крај на мета на сексуалните предатори се девојчиња на возраст од 13 и 15 години, но се паметат и бизарни случаи на сексуално злоставување на момчњи на истата возраст.
-Навистина несфатливо е и помлади, но и мажи во зрели години се во состојба тоа да го направат. Тоа што се крие во нивните умови неразбирливо е за норамален човек. Расветлувањето на кривичните дела родосквернавање, но и обљуба на дете и недозволени полови дејства е многу тешко. Откако во медиумите за овие болни теми поотворено се зборува, полесно доаѓаме до оперативни податоци. Нсекако, медиумите мора одговорно да се однесуваат и да не известуваат сензационалистички, истакнуваат тие.
Ново на Сител
-

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија
-

Трамп најави УФЦ борба во Белата куќа за својот 80-ти роденден
-

Божиновска: Денес, повеќе од кога било, ни треба вера и избор да останеме луѓе, да подадеме рака и да не се откажеме еден од друг
-

Пакистан ќе продолжи да помага во мировните преговори меѓу САД и Иран
-

Мицкоски со честитка: Само заедно, со меѓусебна почит можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден
-

Пролетно утро со темепратури над нулата
-

Циклонот „Вајану“ предизвика големи штети на Северниот остров на Нов Зеланд
