-->
-->
Шпанците се првиот полуфиналист на ЕП во кошарка
-->
Шпанската репрезентација е е прв полуфиналист на Европското кошаркарско првенство, откако во Берлин ја совлада Финска со 100:90. Селекцијата на Серџо Скариоло вклучи во петта брзина во последните две четвртини и направи голем пресврт откако Финците подобро го започнаа натпреварот.
Финска го доби првиот период со 30:19, во тие мигови имаа фантастичен шут и се им поаѓаше од рака. Шпанија намали на едноцирена негатива (43:52) на одморот, а потоа тргна „фуријата“ на Скариоло.
Шпанците ја добија третата четвртина со 30:15 и комплетно ја анулираа негативата минувајќи и во водство. Продолжија со сигурна игра и во последниот период и заслужено се пласираа во полуфиналето.
Најефикасен во селекцијата на Шпанија беше Вили Хернангомез со 27 поени. Кај Финците, очекувано, Лаури Марканен постигна 28 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош