-->
-->
Шпанија славеше на гостувањето во Скопје
-->

Фудбалската репрезентација на Шпанија се покажа како пресилна за репрезентација Македонија. Иако, нашите фудбалери се надеваа на позитивен резултат, сепak Шпанците забележаа победа со 2:1 во квалификацискиот меч за Светското првенство 2018 во Русија, одигран синоќа на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
„Црвената фурија“ имаше комплетна доминација во првото полувреме, која ја круниса со головите на Давид Силва (15.минута) и Диего Коста (30).
Во вториот дел избраниците на селекторот Игор Ангеловски играа посигурно, пред се во одбраната и со брзи контра напади се обидуваа да го загрозат голот на Давид Де Геа. Тоа се случи во 66.минута кога по асистенцијата на Горан Пандев, Стефан Ристовски одлично истрча по десната страна и со силен удар под пречката го совлада Де Геа, поставувајќи го конечниот резултат 2:1.
Ова беше натпревар од 6.коло во Г групата во која Италија очекувано и убедливо го победи Лихтенштајн со 5:0, додека Израел загуби на домашен терен од Албанија со 3:0.
На табелата на првите две позиции со идентични 16 бодови се Шпанија и Италија, зад кои следуваат Албанија и Израел со по 9, Македонија е петта со 3, а Лихтенштајн последен без освоен бод.
Следните натпревари ќе се играат од 31 август до 5 септември, а Македонија за противници ќе ги има Израел на гостински терен (2 септември) и Албанија која доаѓа во Скопје на 5 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
