Шпанија: Жена која била прогласена за мртва од Ковид-19, се вратила дома девет дена по погребот
85-годишна жена од Мадрид чие семејство сметало дека починала од коронавирус ги изненадила своите најблиски кога се вратила во старечкиот дом девет дена по нејзиниот погреб.
Според Ројтерс, настанала конфузија поради која семејствата на Рогелија Бланко пријавиле дека таа починала од коронавирус, а поради пандемиските мерки, не можеле да бидат присутни на погребот.
Сè започнало кога Рогелија добила позитивен резултат на тест за корона, и била пренесена со другите заразени станари на домот во друг дом специјализиран за лекување. Конфузијата настанала по смртта на жената која била со Рогелија во собата и по грешка било забележано дека таа починала.
Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокирало и нејзиниот сопруг Рамон, кој живеел во истиот дом за стари лица.
"Не можев да верувам. Тагував за смртта на сопругата", изјавил Рамон за локалните медиуми, пренесува Ројтерс.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација