Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот
Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка.
- По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз и Хетафе. Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија и се солидаризира со жртвите од пожарот, стои во објавата на официјалниот налог на платформата „Х“ на Шпанската амбасада во земјава.
Шпанските весници „ABC Madrid“ и „20Minutos“ повикувајќи се на информација потврдена од портпаролот на Владата на Шпанија Мигел Анхел Гарсија Мартин, претходно објавија дека две јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во страотниот пожар во ноќен клуб во градот Кочани, Северна Македонија, кои се очекува да пристигнат наскоро. Со тоа Шпанија се става на располагање на погодените од пожарот и на македонските власти кои го активираа механизмот за цивилна заштита на Европската унија.
Од македонското Министерство за здравство ја потврдија информацијата за МИА.
Болниците Ла Паз и Хетафе имаат национално и меѓународно признати центри за грижа на пациенти со изгореници. Од седумте лица кои ќе пристигнат во Шпанија, пет ќе бидат примени во комплексот Фуенкарал, а двајца во центарот што се наоѓа јужно од главниот град, наведува весникот „20Minutos“.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито