Штипски „Стипион“ должен околу 4,5 милиони денари

ЈП „Стипион“-Штип надлежно за наплатата на паркинг местата, одржување на улиците и за уличното осветлување има долг од 4.500.000 денари кон фирми добавувачи, електирчна енергија и телефони.
Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Сашко Протогеров вели дека формирана е комисија која ќе утврдува како настанал долгот, но и кој ќе биде конечниот долг, а побарувањата им изнесуваат над еден милион денари. Тој истакна дека во тек се и преговори со фирмата која е надлежна за системот за наплата на паркинг местата по пат на СМС, а во текот на овој месец очекува и позитивно решение на проблемите.
-Имаме допис и од Народниот правобранител оти сме ги ставиле граѓаните во нерамноправна положба, оние кои немаат мобилни телефони. Значи потребно е и грепки да воведеме за наплатата на паркинг местата. Имаме недостаток на контролори, така да мислиме и таа група да ја зголемиме, а со цел поефективна да биде наплатата, вели Протогеров.
Тој истакна дека како претпријатие вршат одржување и промена на уличното осветлување. Но, претходното раководство не потпишало договор со претходниот градоначалник за овие услуги да се наплаќаат.
-Уличното осветлување ни е дадено со одлука на Советот на Општина Штип. Но, ние немаме, а и претходното раководство на фирмата не направило никаков договор со локалната самоуправа. Така да сме во фаза на изготвување на ценовник, кој ќе треба да помине на Управен одбор и на Советот, рече Протогеров.
Тој истакна дека ЈП „Стипион“ за тековната зимска сезона има обезбедено доволно колични сол и ризла за чистење на улиците од снежните навеви.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
