Македонија
28. March 2024 - 16:48

Штипските пензионери повторно на протест

Штипските пенизонери повторно ги активираа протестите. Причина е покачувањето на пензиите од 5,3 %, со што минималната пензија се покачи за само 600 денари. 

- Пензионерите не се заморчиња за некој со нив експериментира дали ќе преживееме. Дојде време да пензионерот немајчи средства да си ги плати основните потреби од лекови, комуналии и други работи, до тој степен да тражеме средства од своите деца, а треба да е обратно.

- Никој за нас не се грижи, ниту дава, ниту не смета за луѓе, а толку години сме работеле. Нели треба и ние да поживееме, барем среден живот да имама, не бараме кој знае колку.

Остануваат на барањето за линеарно покачување од 5000 денари и утврдување на висината на минималната пензија од најмалку 18 000 денари. 

- Барем минимално, оние 5000 денари што ги бараме да не удостојат и да ни ги дадат- изјави пензионер од Штип.

На протестот беше акцентиран и еден нов проблем, поврзан со чланарината и солидарниот фонд. Предупредуваат дека во Штип се собираат пари од пензионерите за ново здружение кое не работи во нивна полза и затоа треба да внимаваат и да не потпишуваат никави договори и да не менуваат здруженија.