Македонија
17. September 2020 - 16:51

Што се бара Бугарија во меморандумот до ЕУ?

Бугарскиот меморандум во целост објавен - земја кандидат не треба да внесува отворени прашања  во ЕУ. Бараат во преговарачката рамка да стои посебно поглавје во кое Скопје ќе гарантира дека ќе прифати се што бара Бугарија. Главната теза е дека не постојат „македонци“ како етничка,туку само како географска припадност. Ова е и предуслов за сите понатамошни чекори во процесот. Официјална Софија бара придавката македонци да не се користи, туку за широка меѓународна употреба да стои фразата „ од Р. Северна Македонија “ .

„Во соседните земји, терминот „македонски“ се користи за означување на географско потекло, наместо на национален идентитет. Во Бугарија, стотици илјади Бугари се идентификуваат како „Македонци“ во однос на нивната регионална припадност, што јасно укажува на бугарското етничко потекло. Од оваа причина, значително недоразбирање се јавува кога изразите „македонски“ и „со потекло од Република Северна Македонија“ стои во документот што во целост го објави бугарската агенција БГНЕС,

Во продолжение стои дека Македонија не го почитува договорот од 2017-та за добрососедство, а македонската комисија прави опструкции во спроведувањето. 

Во однос на јазикот, Бугарија инсистира на тоа кога Македонија ќе стане членка на ЕУ во документите да  стои „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ или, во случај на апсолутна потреба, на „македонски јазик“ со ѕвездичка и објаснување: „според Уставот на Република Северна Македонија“.  Дополнително ова прашање ќе се затвори откако Македонија официјално ќе се изјасни до ООН и сите меѓународни институции дека „употребата на краткото име на државата предвидена во Договорот од Преспа се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не до географскиот регион Северна Македонија.“

Дополнително Бугарија тврди дека пред 80 години во Македонија биле убиени десетици илјади бугари и над 100 000 затворени. 

Бугарија очекува солидарност од сите партнери во ЕУ да ги земат предвид нивните реални проблеми.

Владејачката СДСМ се надева дека се може да се реши по пат на дијалог и спорот со Бугарија нема да биде пречка во евроинтегративниот процес.

Опозицијата бара Собранието да расправа за бугарскиот меморандум. Пратеникот Антонио Милошоски бугарските позиции ги смета за неевропски.