Македонија
20. January 2022 - 16:43

Што значи во пракса вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав?

Внесувањето на бугарскиот народ во македонскиот Устав би значело искривување и редефинирање на историјата, вели професорката Каракамишева. Бугарската заедница така би станала дел од конститутивните народи кои во преамбулата 4 заедно со макеоднскиот народ се заслужни за создавање на самостојна и независна држава.

Но, барањето на Софија за вметнување на Бугарите во уставот има и друга, практична димензија, вели професорката, јадица на која се залепија припадниците на бугарската заедница во Македонија, сооодветна застапеност во државната власт и јавните институции, или со други зборови вработување по етички клуч.

Почитувањето на правта на бугарската заедница е еден од условите во пакетот пет плус еден кои Софија ги бара за деблокирање на македонските евроинтеграции, а притоа го негира и дискриминра македонското малцинство во Бугарија.