Loading Video...
Балкан
6. November 2019 - 19:36

Штрајк на просветните работиници во Хрватска – нема настава во училиштата

Голем штрајк на просветните работници во Загреб. Настава немаше во основните и средните училишта низ земјата, а штрајкот е поддржан и од вработените на универзитетите.

Просветарите бараат зголемување на коефициентот за шест отсто и негово изедначување со останатите од државната служба.

Синдикалците порачаа дека нема да отстапат од ова барање, а одговорот од владата се очекува в понеделник. Хрватските наставници во просек имаат плати од 800 до илјада евра.